KDevelop

Од Сподели wiki
Преработка од 17:30, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (3 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

KDevelop е слободна развојна средина за GNU/Linux и други Unix-оидни системи и е дел од работната околина KDE.

KDevelop не вклучува компајлер, наместо тоа користи Gcc (или друг компајлер по избор) за создавање на извршен код.

Моменталната стабилна верзија 3.4, поддржува многу програмски јазици како Ada, Bash, C, C++, Fortran, Java, Pascal, Perl, PHP, Python, Ruby и SQL.

KDevelop 3.0 е целосно препишан код од KDevelop 2. Издаден е заедно со KDE 3.2 во Февруари 2004г.

Можности

KDevelop користи вграден уредувач за текст како KPart компонента. Интерен уредувач е Kate, кој може да биде заменето по желба на корисникот со уредувачот кој го користи апликацијата за RAD развој Qt Designer. Оваа листа се фокусира на можностите што KDevelop ги има, но не и на поодделните компоненти кои се вградени во развојната средина.

  • Уредувач за изворен код со обележување на текст и автоматско вовлекување (Kate);
  • Справување со проекти за различни типови на јазици и проекти за Automake, qmake за Qt базирани проекти и Ant за Java базирани проекти;
  • Прелистувач на класи;
  • Дизајнер на интерфејси;
  • Фронтенд за Gcc;
  • Волшебник за генерирање и ажурирање на дефиниции на класи и фремјворзи на апликации;
  • Автоматско дополнување на код (за C/C++);
  • Вградена поддршка за Doxygen;
  • Контрола на ревизии;

Начин на Функционирање

KDevelop е комплетно базиран на приклучоци. Кога некој од развивачите прави измена, тој може да го компајлира плагинот врз кој измената се однесува. Постои можност да се одржуваат повеќе профили и секој од нив да одредува кој се приклучок ќе биде вчитан. KDevelop не доаѓа со уредувач на текст, наместо тоа користи приклучок. KDevelop е независен од програмски јазици и системи, поддржува KDE, GNOME, и други технологии како Qt, Gtk и wxWidgets.

Интегриран дебагер на програмерот му дозволува да дебагира преку графички интерфејс преку точки на преклопување и backtrace (?). Дури може да работи и со динамички вчитани приклучоци за разлика од Gdb.

Брзото отворање дозволува брза навигација помеѓу датотеките.

Моментално има од 50-100 приклучоци за оваа развојна средина.

Врски