Debian

Од Сподели wiki
(Пренасочено од Debian - општо)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Логото на Debian

Debian GNU/Linux е слободен оперативен систем.

Debian GNU/Linux претставува повеќе од обичен оперативен систем, тој доаѓа со повеќе од 15490 пакети и се користи за безброј намени. Тој е познат по големиот број на софтвер кој што доаѓа со него како и по строгото придржување кон философијата на слободен софтвер. Debian работи на скоро сите архитектури на процесори вклучувајќи ги и x86, PowerPC, Sparc, ARM итн. Debian GNU/Linux е основата за неколку популарни дистрибуции како што се Ubuntu, Knoppix, Kanotix и MEPIS.

Debian е исто така познат по неговиот систем за менаџмент со пакети Apt (Advanced Packaging Tool) и строгите полиси за квалитетот на пакетите кои што доаѓаат со дистрибуцијата. Овие предности им овозможуваат на корисниците лесна надградба кон нови изданија и чисто инсталирање и отстранување на пакети без рестартирање на системот и без никакви проблеми кои што би можеле да ги предизвикаат пакетите зависности.

Последната стабилна верзија на Debian е 4.0 или Debian Etch.

Историја

Debian е проект започнат во Август 1993 година од страна на Ian Murdock како дистрибуција во духот на Linux и GNU. Започнат е од страна на мала група на хакери и прераснува во една од најголемите добро организирани заедници на програмери и корисници.

Листа на изданија на Debian:

  • 4.0 – etch, 6 април, 2007
  • 3.1 – sarge, 6 јуни, 2005
  • 3.0 – woody, 19 јули, 2002
  • 2.2 – potato, 15 август, 2000
  • 2.1 – slink, 9 март, 1999
  • 2.0 – hamm, 24 јули, 1998
  • 1.3 – bo, 2 јуни, 1997
  • 1.2 – rex, 12 декември, 1996
  • 1.1 – buzz, 17 јуни, 1996

Кодните имиња на изданијата на Debian се имиња од анимираниот филм Toy Story.

Врски