Отворени формати: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
с (76 ревизии: initial)
 
(нема разлика)

Последна преработка од 17:36, 29 јануари 2011

Отворен формат е објавена спецификација за зачувување на дигитални податоци, најчесто одржувани од организации за поддршка на слободни стандарди, со секаква слобода за користење. На пр. отворениот формат мора да може да биде имплементиран и за неслободен и за слободен софтвер, преку користење на неговата лиценца и во двата случаи. За разлика од отворените стандарди, затворените стандарди се контролирани и дефинирани од лични интереси. Отворените формати се подмножество на отворени стандарди.

Примарна цел на отворениот формат е да гарантира долгорочна заштита на податоците без тековна или идна несигурност по нивната интеграција и правни прашања поврзани со техничките спецификации. Исто битна цел е да се обезбеди конкурентност и натпреварување на полето кој ќе го направи форматот подобар, наместо форматот да се контролира од тој кој го произведува и кој го има во сопственост, забранувајќи било какви измени врз него. Владите во зголемен број покажуваат интерес за прашањата поврзани со отворените формати.

Отворените формати и слободниот софтвер

Врската помеѓу отворените формати и слободниот софтвер е често погрешно протоклувана. Многу неслободни софтверски производи се спремни за обработка на отворени формати и обратно, многу слободни апликации можат да проследат неслободни формати. На пр. HTML, познатиот јазик кој е отворен формат за потребите на големата Мрежа, го создава фондацијата за неслободни Веб прелистувачи како што се Internet Explorer исто како и слободните прелистувачи како Mozilla Firefox. Во меѓувреме, OpenOffice.org е слободен канцелариски пакет и може да манипулира со неслободниот DOC формат на Microsoft, но стандардно го користи слободниот ODF формат. Некои компании имаат објавено спецификации за нивните формати, со што овозможиле имплементација на софтвер за читање и запишување за различни платформи од различни производители на софтвер, такви формати се PDF и RTF на Microsoft. Сепак некои неслободни формати се покриени со некоја форма на забрани со користење на патенти кои може да забраната имплементација за потребите на слободниот софтвер (барем под некои од лиценците за слободен софтвер, како што е Општата јавна лиценца). Според некои критики, таквите формати го загушуваат чувството на конкурентност.

Причини за користење отворени формати

Користење на отворени формати при разменување на податоци значи:

  1. Обезбедување на пристапност и постојаноста на Вашите податоци. И Вие и корисниците на Вашите податоци ќе бидат во можност да пристапат и проследат тие податоци.
  2. Обезбедување на комплетно транспарентност за содржината на Вашите датотеки.
  3. Ограничување на ширењето на вируси. Прифаќањето на отворените формати драстично помага за намалување на ризикот од заразување.
  4. Промоција на разноличност и интероперабилност во сферата на електронските комуникации.

Примери на отворени формати

Примери на отворени формати:

Видете и

Врски