Проблеми и решенија: Разлика помеѓу преработките
с (14 ревизии: initial) |
|||
(Не се прикажани 8 меѓувремени преработки од 4 корисници) | |||
Ред 1: | Ред 1: | ||
= USB под Slackware Linux = | = USB под Slackware Linux = | ||
'''Проблем:''' Честопати новите корисници на [[Slackware]] [[GNU/Linux|Linux]] наидуваат на проблеми поради едноставноста на системот. [[Slackware]] стандардно со „него носи“ hotplug систем за детекција на хардвер и доделување на модули за „комуникација“ на релација уред<--> | '''Проблем:''' Честопати новите корисници на [[Slackware]] [[GNU/Linux|Linux]] наидуваат на проблеми поради едноставноста на системот. [[Slackware]] стандардно со „него носи“ hotplug систем за детекција на хардвер и доделување на модули за „комуникација“ на релација уред<-->[[јадро]]. За разлика од другите дистрибуции, [[Slackware]] нема автоматско извршување на одредени акции откако некој хардвер ќе биде препознаен. Пример за тоа би било, го ставете USB стикот во USB портата, и системот треба да направи две работи: | ||
* да истакне икона на Работната површина (Desktop); | * да истакне икона на Работната површина (Desktop); | ||
Ред 97: | Ред 95: | ||
# su <<- За други системи, по што ќе наведете лозинка, често 'root' или 'toor'. | # su <<- За други системи, по што ќе наведете лозинка, често 'root' или 'toor'. | ||
Ќе земеме во предвид дека [[GNU/Linux]] дистрибуцијата која е инсталирана на вашиот компјутер, е инсталирана на втората партиција од првиот диск, значи /dev/hda2. MBR во *nix | Ќе земеме во предвид дека [[GNU/Linux]] дистрибуцијата која е инсталирана на вашиот компјутер, е инсталирана на втората партиција од првиот диск, значи /dev/hda2. MBR во *nix сe наоѓа на првиот сектор од /dev/hda, /dev/sda и сл. во зависност од типот на дискот. | ||
Монтирајте ја /dev/hda2 партицијата во /media/hda2 (ако овој директориум не постои, креирајте го, ''mkdir /media/hda2''): | Монтирајте ја /dev/hda2 партицијата во /media/hda2 (ако овој директориум не постои, креирајте го, ''mkdir /media/hda2''): | ||
Ред 129: | Ред 127: | ||
# lilo | # lilo | ||
Бидејќи сме во chroot режим и [[Датотечен_систем#/proc|/proc]] - виртуелниот датотечниот систем не е монтиран, треба да се појави грешка дека во '/proc' нема некои вредности. Ако тоа е се што јавува, тогаш може да | Бидејќи сме во chroot режим и [[Датотечен_систем#/proc|/proc]] - виртуелниот датотечниот систем не е монтиран, треба да се појави грешка дека во '/proc' нема некои вредности. Ако тоа е се што јавува, тогаш може да излезете од chroot и да го рестартирате компјутерот: | ||
# reboot | # reboot | ||
Проверете дали пуштачот на системот работи како што очекувате. | Проверете дали пуштачот на системот работи како што очекувате. | ||
= Преинсталација на пакет во Debian = | |||
Понекогаш, можно е по грешка да се избришат некои важни системски датотеки, како библиотеки и сл. Тоа може да го направи системот нефункционален, сѐ додека тие датотеки не се вратат. Датотеките можат да се вратат со реинсталација на пакетот во кој што припаѓаат. Во [[Debian]] и дистрибуциите базирани на него ([[Ubuntu]], [[Kanotix]], [[Knoppix]], [[Mepis]]...) можете да го реинсталирате постоечкиот пакет со командата: | |||
# apt-get --reinstall install ime_na_paketot | |||
Извршена со супер-кориснички привилегии. | |||
[[Category:Помош]] | [[Category:Помош]] |
Последна преработка од 17:37, 29 јануари 2011
USB под Slackware Linux
Проблем: Честопати новите корисници на Slackware Linux наидуваат на проблеми поради едноставноста на системот. Slackware стандардно со „него носи“ hotplug систем за детекција на хардвер и доделување на модули за „комуникација“ на релација уред<-->јадро. За разлика од другите дистрибуции, Slackware нема автоматско извршување на одредени акции откако некој хардвер ќе биде препознаен. Пример за тоа би било, го ставете USB стикот во USB портата, и системот треба да направи две работи:
- да истакне икона на Работната површина (Desktop);
- да ве праша што сакате да правите со ново-детектираниот уред;
Slackware не го прави ни едното, ни другото. Не дека не може, тој го препознава хардверскиот уред речиси секогаш, што може и сами да го увидите доколку пред да го ставите USB уредот во USB портата, во конзола напишете:
# su # tail -f /var/log/messages
Ова ќе ви каже на која порта е забележан нов уред, каде е асоциран и можеби кој модул е искористен за потребата. Значи Linux сето тоа го прави во нецела секунда.
Решение: Битно е да се знае /dev/-от на кој уредот се асоцира. Ако тоа е /dev/sda1 (со USB најчесто се врзува /dev/sdaX, каде X е број од 0-...), одете во конзола и пишете:
# mkdir /mnt/usbstick # mount /dev/sda1 /mnt/usbstick
Со ова „рачно“ монтирање имате содржина на USB стикот во директориумот /mnt/usbstick (види Датотечен систем).
Но дали ова треба да го правите на секое при ставање на USB стикот во USB портата? Не, јас тоа го правам со додавање на линија во /etc/fstab (датотека) за USB уредот. Значи, како root отворете /etc/fstab. Најдолу додадете (не бришете/изменувајте ништо што веќе постои таму):
/dev/sda1 /mnt/usbstick vfat user,noauto,rw 0 0
Зачувајте ја датотеката. Потоа може да пристапите кон USB уредот преку Storage од Работната површина (Desktop). ВНИМАВАЈТЕ: За да се зачува содржината на уредот која би ја префрлувале, правилно, направете десен клик врз иконата за USB Уредот и кликнете Safely Unmount.
Исто така, може да го натерате системот да извршува одредени акции кога ќе препозане некој тип на хардвер. За тоа ќе пишуваме подоцна.
Ажурирање на кернелот на Slackware
Проблем: Стандарден кернел што Slackware го има е некоја последна верзија на серијата 2.4. Тоа некаде предизвикува повеќе проблеми отколку што решава. Зошто има верзија 2.4? Некои велат дека се работи за компатибилност со стар хардвер, некои велат дека напротив 2.6 поддржува повеќе хардверски компоненти, некои велат дека 2.4 е поедноставен што одговара со полисата на Patrick. Како и да е, на второто ЦД имате пакетчиња со нов кернел (најнов за верзијата што ја имате).
Решение: Ставете го второто ЦД во уредот. Одете во конзола:
# su # mount /mnt/cdrom [или како и да е] # cd /mnt/cdrom/testing/packages/linux-2.6*/ # installpkg *.tgz
Ќе се инсталираат 5 пакети: alsa-driver, kernel-headers, kernel-modules, kernel-generic и kernel-source. Последниов не дека ви е страшно потребен, но имајте го инсталиран (зема ~40 МБ).
Потоа одите во /boot/ и правите initrd за новиот кернел. Ако имате reiserfs датотечен систем, извршете ја следнава команда:
# mkinitrd -c -k 2.6.7 -m reiserfs
немам пробано доколку наместо reiserfs напишете ext2 или ext3, но пробајте за секој случај може да „фати“. Ако не оди, за ext3 напишете:
# mkinitrd -c -k 2.6.7 -m jbd:ext3 -f ext3 -r /dev/hdb3
За ext2 пишете ext2 на местото од ext3.
Следно, отворате /etc/lilo.conf (бидејќи стандарден бутер е Lilo, описот ќе е за него, ќе дополнам за GRUB другпат). Значи како root отворете /etc/lilo.conf и додадете на крајот од датотеката (не изменувајте ништо што веќе има во неа):
image = /boot/vmlinuz-generic-2.6.7 [за Кернел 2.6.7] initrd = /boot/initrd.gz root = /dev/hdaX [каде ви е Slackware? На hda2? наместо Х напишете 2 ] label = Linux-new-kernel read-only
После тоа, зачувајте ја даотеката и како root пишете:
# lilo
Рестартирајте. Треба се да е во ред...
Најголем проблем би било правењето на initrd. Мој совет е да користите reiserfs или ext3 тип на партиција.
Проблем со Davicom Semiconductor мрежни картички
Проблемот се појави во SuSE 10.0. Во други дистрибуции или други верзии на SuSE овој проблем може да е решен. Начинот за решавање на проблемот е презентиран под SuSE Linux.
Проблем: Доколку имате мрежна картичка од Davicom Semiconductor и имате SuSE Linux тогаш сигурно имате проблем со подесувањето на функционална LAN врска, што пак значи дека немате правилно конфигурирана ethernet картичка што „ќе ве вади“ на Интернет. Проблемот е во тоа што мрежната картичка не функционира со стандардните подесувања.
Решение: Во SuSE, треба да вклучите YaST (од К-Мени или ГНОМ менито во System->YaST). Потоа од менито на левата страна Network Devices->Network Card. На прозорецот што ке се појави одберете ја мрежната картичка и кликнете на Edit. Потоа на Advanced->Hardware Details. Тука имате поле со наслов Module Name и во полето стои, како стандардно пронајден модул tulip. Се што треба да направите е да го заменете со dmfe. Потоа на OK и Next и вашиот проблем е решен.
Проблемот и решението може да се применат и на други дистрибуции за оваа мрежна картица.
KDE проблем со Мултимедија
Проблем: Ако имате верзија на KDE 3.5.0/1 и ставите DVD во вашиот DVD Уред, KDE ќе ве праша што со дискот? Пример избирате Play the DVD with Kaffeine. И Kaffeine ви јавува грешка дека system:/media/ не постои. Тоа беше мала бубачка што постоеше се до последнава верзија на Kaffeine. Истото се случува и со Amarok. Значи, ако активирате mp3 или video датотеки од system:/media/hd*, тогаш се јавува проблем на непостоење на уред или датотека.
Решение: Под итно ажурирајте ја последната верзија на Kaffeine за вашата дистрибуција, а исто така инсталирајте и последна верзија на Amarok.
Изгубен Bootloader за GNU/Linux (GRUB/Lilo)
Честопати после инсталација на други системи (пр. Windows) кои не се пријателски расположени кон други системи на компјутерот се губи избирачот за тоа кој систем да се пушти. На англиски тоа се вика Bootloader, и софтвер за таа намена е GRUB или Lilo.
Ако го имате GNU/Linux инсталирано, а ви се пушта само Windows или друг систем, следете го упатството.
Најдете било какво живо ЦД од некоја GNU/Linux дистрибуција. Ќе земеме во предвид дека имате Ubuntu иако било која дистрибуција ќе заврши работа. Пуштете го системот од ЦД-то. Може да го пуштите во Init 3, без активирање на X.org серверот (графички режим) или да почекате да се активира стандардната работна околина што доаѓа со системот на ЦД-то (GNOME, KDE, итн.). Активирајте конзола.
# sudo su <<- за Ubuntu # su <<- За други системи, по што ќе наведете лозинка, често 'root' или 'toor'.
Ќе земеме во предвид дека GNU/Linux дистрибуцијата која е инсталирана на вашиот компјутер, е инсталирана на втората партиција од првиот диск, значи /dev/hda2. MBR во *nix сe наоѓа на првиот сектор од /dev/hda, /dev/sda и сл. во зависност од типот на дискот.
Монтирајте ја /dev/hda2 партицијата во /media/hda2 (ако овој директориум не постои, креирајте го, mkdir /media/hda2):
# mount -o rw,dev /dev/hda2 /media/hda2
Ако оваа команда јави грешка дека системот веќе е монтиран, додадете го зборот 'remount' пред 'rw':
# mount -o remount,rw,dev /dev/hda2 /media/hda2
Преинсталација на GRUB
Веројатно GRUB веќе има подготвени вредности за партициите и системите во датотеката /boot/grub/menu.lst во /dev/hda2 партицијата. Ако сте користеле GRUB пред инсталацијата на Windows и презапишувањето на MBR, извршете ја следнава команда:
# grub-install /dev/hda
Со ова, GRUB треба автоматски да ги земе вредностите од неговата конфигурациона датотека и да го преинсталира пуштачот на системот.
Повеќе информации за GRUB во содржината за него на ова Вики или:
# man grub # man 5 grub # man grub-install
и сл.
Преинсталација на Lilo
Ако пак користите Lilo, проверете дали во /etc/lilo.conf се е како што сакате да биде, и преминете кон извршување на командата:
# lilo
Бидејќи сме во chroot режим и /proc - виртуелниот датотечниот систем не е монтиран, треба да се појави грешка дека во '/proc' нема некои вредности. Ако тоа е се што јавува, тогаш може да излезете од chroot и да го рестартирате компјутерот:
# reboot
Проверете дали пуштачот на системот работи како што очекувате.
Преинсталација на пакет во Debian
Понекогаш, можно е по грешка да се избришат некои важни системски датотеки, како библиотеки и сл. Тоа може да го направи системот нефункционален, сѐ додека тие датотеки не се вратат. Датотеките можат да се вратат со реинсталација на пакетот во кој што припаѓаат. Во Debian и дистрибуциите базирани на него (Ubuntu, Kanotix, Knoppix, Mepis...) можете да го реинсталирате постоечкиот пакет со командата:
# apt-get --reinstall install ime_na_paketot
Извршена со супер-кориснички привилегии.