Отворени формати кои треба да се користат

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Препорачуваме неколку формати кои се слободни и кои целосно може да најдат употребливост при Вашата работа:

Plain text

Најлесниот начин да прегледувате, читате и запишувате текст е да користите Plain text/Обичен текст/ формат.

Кога и и да можете, избегнувајте користење на форматиран текст: користењето на обичен текст (ascii или .txt формат) гарантира пристап за секого, без разлика на софтверот или платформата што се користи. Во вашите пораки по е-пошта, ако за Вас е поважна содржината, а не формата на текстот, користете обичен текст за испраќање, директно во телото на вашата порака, наместо испраќање како прилог. Обичниот текст не може да носи вируси, екстремно е лесен и може да се користи за создавање табели (со табулации или запирки) со било кој софтвер кој може да го отвора.

HTML

Ако имате потреба од размена на документи со слики и форматиран текст, најдоброто решениe е HTML форматот.

HTML (Hypertext markup language) е стандарден јазик за Мрежата, дефиниран од меѓународната организација за стандардизација (W3 конзорциумот). HTML е флексибилен универзален формат, богат и компактен. Стандардниот HTML (без Javascript) не може да носи вируси и може да се чита од било која платформа. Забелешка: HTML кодот произведен од MSWord е полу-слободен, и е склон кон ставање на податоци кои неможе да се прегледаат на сите платформи.

TeX

За издавање и форматирање на математички документи се користи посебен формат: TeX.

TeX е јазик за создавање документи, но и програмски јазик. Првично напишан за создавање математички документи за професионални цели, денес се користи за мно

LaTeX исто така се користи за создавање на документи и служи како програмски јазик. Впрочем претставува поедноставена верзија на TeX која овозможува манипулација на највисоко ниво на инструкциите (?), исто како што HTML е поедноставена верзија на SGML.

DVI. TeX или LaTeX изворниот код откако ќе се напише треба да се искомпајлира. Резултатот на компајлирањето е DVI форматот, читлив од многу платформи. Најчесто, резултатот од компајлирањето треба да се конвертира во PDF или PS датотека.

Отворен формат за документи

Ако треба да соработувате со тим и да работите на еден документ, но не можете да се справите со HTML датотеки, треба да користите Отворен формат за документи, стандардниот формат за документи за канцелариски апликации (OpenOffice.org, Abiword, KOffice, итн.) - или полу-отворените алетрнативи како Rich Text форматот.

Отворениот формат за документи е:

  1. Отворен, XML-базиран формат
  2. Отворен стандард, поддржан од OASIS (тимовите на IBM, Sun и ISO стандардите
  3. Стандарден формат за документи во OpenOffice.org 2.0 и KOffice 1.4
  4. Препорачан формат од Европската комисија
  5. Нашата најдобра можност да се бориме против неслободните и заклучени формати

RTF е претставен од Microsoft со цел создавање стандарден формат за форматирање на текст. Нуди исти можности како и DOC форматот и спецификациите се јавно достапни. Најголемиот дел од апликациите за обработка на текст се способни да читаат и запишуваат податоци во овој формат, но затоа што некои програми тежнеат да користат неслободни проширувања за овој формат, неговата компатибилност сепак е несигурна.

PostScript & PDF

За високо-квалитетни документи, PostScript и Portable Document Format се решение за тоа.

PostScript е јазик за опис на страни, развиен од Adobe во 1985, создаден за печатење и различни типографски цели. Една од предностите е дека е универзален (независен од форматот на датотеката во кој е сместен) и не може да носи вируси. Спротивно на PDF, PostScript не дозволува копирање на текст кој е прикажан на екранот и вметнување во друга апликација. Може да биде генериран со компатибилни печатари (опција: 'печати во датотека') и преку програмата GhostScript.

А пак, PDF (Portable Document Format), развиен исто од Adobe е формат за претставување на документи чии спецификации се достапни на Мрежата. Тој е универзален формат (без разлика на која платформа и со кој софтвер се користи и создава), компатибилен со било кој печатач, флексибилен (може да користите разни фонтови, врски, обележувачи и забелешки) итн. Може да се создаде со Adobe Acrobat, so речиси сите слободни канцелариски апликации, со GhostScript итн.

Формати за слики

Да ги разгледаме најважните отворени формати за процесирање слики препорачани за употреба.

JPEG е еден од најефикасните формати за компресија на слики. Овој отворен формат е „лесен“ и дозволува Вие да го одредите нивото на компресија, знаејќи дека колку поголема е компресијата, помал е квалитетот на сликата. JPEG се процесира преку т.н. натрупана компресија: сликата е значајно сменета ако ја отворите и зачувате со друго ниво на компресија. Варијанта на овој формат, прогресивниот JPEG, дозволува да го оптимизирате времето потребно за приказ на сликата на Интернет. Новиот JPEG_2000 стандард, моментално дефиниран, ќе дозволува подобар однос на квалитет и компресија, како и индексирање на сликата со клучни зборови.

PNG (Portable Network Graphics) доаѓа во форма на PNG-8 или PNG-24, и двата отворени формати ослободени од лиценца. Тие ја претставуваат принципиелната замена за GIF форматот, специјално создадени да го оптимизираат приказот на слики на Интернет. Форматот дозволува компресија на податоци без загуба на информации и е поддржан од речиси сите прелистувачи. Големината на PNG сликата сепак е значително поголема од еквивалент во JPEG форматот. Сепак, PNG во голема мера го зменува GIF за 8-битни (или помалку) слики.

SVG (Scalable Vector Graphics) е векторски формат кој се користи за векторска обработка на податоци/слики и кој постои благодарение на група за проучување создадена во 1998г. од страна на W3 конзорциумот. Ова е формат базиран на уште еден јавен стандард (XML, CSS, HTML) кој дозволува создавање на векторски слики на кои може да им се зголемува големината, совршени за заштедување на бендвит, се оптимизираат слоеви и има опции за зумирање без губење на квалитет на сликата. Графиките создадени во SVG може да се динамички или интерактивни, да се групираат, трансофмираат, да се создаваат графички објекти во други објекти и да им се даваат атрибути за изгледот.

Отворени аудио формати

Ogg Vorbis е аудио формат со компресија со загуба кој е целосно отворен, со слободна лиценца. Развиен е со цел да ги замени неслободните формати кои моментално се користат (Mp3, WMA, итн.).

Брзо обасјнување за тоа што значи имет:

  • Ogg е името на форматот развиен од Xiph.org за аудио, видео и мета-податоци.
  • Vorbis е името на шемата за аудио компресија која евентуално ќе биде вклучена во Ogg. Други формати кои може да се вклучат во Ogg се и Flac и Speex.

Има многу програми и библиотеки кои користат Ogg Vorbis датотеки за различни платформи (BeOS, Mac OS X, GNU/Linux, Windows, и сл.). Пример за два најпознати плеери кои овозможуваат пуштање на овој формат се Xmms за GNU/Linux и WinAMP за Windows.

FLAC е формат со компресија без загуба кој е целосно отворен. Може да се користи со неговиот стандарен контејнер или со Ogg контејнерот на Xiph.org.

Моментално може да се користи под GNU/Linux, Mac OS X и Windows. Како додаток, достапен е во две Java извршни датотеки што овозможува овој формат да се користи на било која платформа која ја поддржува Java виртуелната машина.